Навивачите на ФК Тетекс се познати под името „Војводи“ и групата е создадена во 1988. Тие уште се познати како „Војводи Југ“ бидејќи тие се присутни на јужната трибина на натпреварите каде игра клубот. Боите на оваа навијачка група се бела и сина. Мотото на Војводите е „Со верба во Бог - војводи до гроб“. Официјално мрежно место на навивачите е vojvodi.com.
Vojvodi Tetovo 1988
Saturday, October 8, 2016
Fk Teteks Tetovo
ФК Тетекс е фудбалски тим од Тетово, оформен во 1953 под името ФК Текстилец. Основач на ФК Тетекс е комбинатот Тетекс, па затоа уште се познати под името „Текстилци“. Во почеток ФК Тетекс бил во сенка на ФК Љуботен (оформен во 1919), но со својот успех брзо се искачил на врвот на македонскиот фудбал. Составот на ФК Љуботен претежно беше составен од играчи со потекло од Тетово, додека составот на Тетекс бил составен од играчи од Македонија и од просторите од Југославија. Тетекс моментално игра во Првата Македонска лига, со амбиции да прерасне во стабилен прволигаш кој во иднина ќе игра и во европските купови. Од септември 2008 година ФК Тетекс е со ново раководство откако беше откупен од UFA Media Groupпредводена од Слободан Вујчиќ - Брацо. Клубот игра на градскиот статион во Тетово (капацитет 15.000). Прекарот на овој клуб е „бели“ поради боите на клубот. На 26 мај 2010 година Тетекс за прв пат стана шампион на Купот на Македонија. Исто така, и во 2013 година пак го освои Купот. [1]
Subscribe to:
Posts (Atom)